Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, организира промоција на две збирки драми (Чевлички од челик и Душички) од доц. М-р Загорка Поп-Антоска Андовска. Поп-Антоска Андовска дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата по драматургија.
Автор е на повеќе драмски текстови,кои се поставени на македонските театарски сцени и на повеќе театарски сцени во регионот. Поп-Антоска Андовска предава Драматургија и Филмско и ТВ сценарио на Универзитетот за Аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.
За делата на Поп-Антоска Андовска ќе зборува познатиот театролог од Бугарија, г-ѓа Василка Бумбарова. Гостите ќе ги претстави директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров. Промоцијата се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.