Изложбата Black & White Serbia во Музеј на современа уметност

Изложбата Black & White Serbia (Жељка Момиров, Владимир Ристивојевиќ и Љубомир Вучиниќ) се отвора на 6 април (петок) со почеток во 19:00 часот, во изложбените сали на НУ Музеј на современата уметност, Скопје. Изложбата ќе ја отворат заменик министерот Драган Недељковиќ и директорката на Музејот, Елиза Шулевска.

Проектот Black & White Serbia е организирана во соработка со Блок галеријата од Белград, како реципроцитет на минатогодишната изложба Погледи организирана од страна на НУ Музеј на современата уметност, Скопје во споменатата галерија. Тројцата автори се наоѓаа во скоро паралелен систем на доживување на промените во текот на 90-те и самиот почеток на новиот милениум. Реакциите на неодамнешниве настани се секако ублажени во нивниот пристап кон делото.

Прифатени и протолкувани, повеќе се дел од една сосотојба на естетско-амбиентално согледување на фрагментарни глетки, во еден миг обединети за да ја пренесат “пораката“ дека се ослободени од било какви притисоци, за да се концентрираат на поединечно конципирање на општи глетки и на процесуалното апсолвирање на сликовитоста на аранжираниот амбиент.

Нивниот склоп на размислувања е всушност поврзан со интенцијата на создавање на композициска игра со користење на релативно идентични елементи што се во улога на конституирање на менталениот склоп поврзан со компонирање на реално прифатливи целини. Конечниот оптички ефект покажа дека се настојува да се обезбеди изедначена, интегративна впечатливост на глетката. Затоа таа може само да се дефинира во рамки на поединечно осмислените групации на слики или објекти или истовремено да се појави како супститут на црно-белиот или на пластично-релјефниот однос кон конкретното дело. Ова е само една од можните варијанти на едно место да се прикажат релативно диферетни погледи кон уметноста, поврзани со една тема и инкорпорирани во единствена, поврзана целина.

Куратори на изложбата Марика Бочварова Плавеска, Ива Петрова, Благоја Варошанец.

You May Also Like