Ученици од Кочани освоија втора награда за поезија и за проза на фестивал во Нови Сад, Србија …
Ученици од Кочани освоија две втори награди на шестиот меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Јоан Флора“ во Нови Сад, организиран од . На меѓународниот фестивал учествуваа стотина млади творци од повеќе републики на поранешна Југославија.
– На фестивалот учествувавме со неколку песни и кратки раскази. Конкуренцијата беше мошне силна. Во една таква конкуренција ученичката Розета Петрова од осмо одделение од ОУ„Никола Карев“ од Кочани ја освои втората награда за поетска творба во категоријата основци, додека ученичката Каролина Николова од втори клас од СОУ„Љупчо Сантов“ ја освои втората награда за краток расказ во категоријата средношколци, изјави Љупка Стојменова, професор по литература.
Ученичката Розета Петрова на штотуку завршениот 35-ти поетски фестивал „Детски лирски треперења“ што се одржа викендов во Охрод доби награда за најдобра песна на фестивалот.