Коалицијата за РЕКОМ (Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства 1991-2001) организира тркалезна маса на тема РЕКОМ и помирувањето во Македонија. Настанот ќе се одржи во Хотел Импексел 2 (зад Универзална сала) денеска (петок, 30 ноември, 2012) со почеток во 10:00 часот.
Воведничари ќе бидат јавните заговарачи за РЕКОМ во Србија и Босна и Хергецовина – Наташа Кандиќ и проф. Здравко Гребо. Покрај нив во својство на поддржувачи на иницијативата од Македонија ќе говорат проф. Димитар Мирчев, и г-дин Суад Мисини. Проф. Билјана Ванковска, јавниот заговарач за РЕКОМ во Македонија, ќе биде модератор на расправата.