Реконструкција на киното „Кисела Вода“

Во Домот на културата во Кисела Вода ќе има сала со 170 седишта, мултимедијален простор, библиотека и читачка сала која ќе биде сместена во приземјето …

kino_kisela_voda_01

 

Реконструкцијата на киното „Кисела Вода“, односно Домот на културата каде што порано беше сместено ова кино, ќе биде готова до крајот на 2015 година кога скопската општина треба да прослави 60 години од постоењето.

Ова беше најавено денеска по работната посета на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

kino_kisela_voda_03

– Сакам да изразам огромно задоволство од почитувањето на динамиката во однос на изградбата. Направено е и повеќе од она што е планирано досега. Завршени се првата и втората фаза, сега следува бетонирање и поставување челична конструкција. Овој објект ќе биде од огромно значење за сите граѓани во Кисела Вода. Со изградбата на овој мултимедијален објект, ќе има најразлични содржини и побогата културна понуда во Кисела Вода. Проектот се наоѓа во програмата и на Владата и на Министерството за култура и во соработка и заедничко инвестирање со општината Кисела Вода, планираме објектот до крајот на 2015 година да биде целосно завршен, токму кога се одбележува голмиот јубилеј од постоењето на општината. Финансиите се обезбедени и оваа година во буџетот на Министерството за култура – изјави Канческа-Милевска, која искажа голема благодарност до Беличанец-Алексиќ за огромното залагање за изградбата на овој објект, како и до целиот тим.

kino_kisela_voda_07

You May Also Like