Промовирани публикациите „Славишки зборник бр.2“, „По патот на легендите“ и „Културно-историските споменици во прекуграничниот регион Крива Паланка – Ќустендил“ во Градскиот музеј Крива Паланка.
Во кривопаланечкиот Градски музеј денеска беа промовирани три публикации и тоа „Славишки зборник бр.2“, „По патот на легендите“ и „Културно-историските споменици во прекуграничниот регион Крива Паланка – Ќустендил“.
Славишки зборник бр.2, чиј главен уредник е директорот на музејот Драган Величковски, всушност е книга на збир од 22 стручно-научните трудови презентирани на семинарот „Културно наследство без граници“, кој беше одржан во средината на септември минатата година во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка.
Публикацијата „По патот на легендите“, опфаќа повеќе легенди од кривопаланечкиот крај, пробиштипско и од регионот на општина Ќустендил, Република Бугарија.
Третата книга што беше промовирана денеска Културно-историските споменици во прекуграничниот регион Крива Паланка-Ќустендил содржи три дела и тоа Крива паланка – неоткриениот град, потоа Ќустендил – место допрено од боговите и во третиот дел содржи коментирани фотографии на 14 цркви во кривопаланечко.
Публикациите ги промовираше професорот Љупчо Ристески, од Институтот за етнологија и антропологија, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
За издавање на книгите овозможи општина Крива Паланка и кривопаланечката локална установа Градски музеј преку проектот „Културното наследство на нашите предци-духовен столб на нашата заедничка еврпска иднина“, финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранича соработка помеѓу Македонија и Бугарија.