Целосно ќе се реконструира кино салата во Делчево

Темелна реконструкција на киносалата во Делчево која е во состав на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Делчево ќе добие нов современ простор кој освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска продукција …

dom_na_kulturata_delcevo

Со финансиска поддршка на Министерството за култура годинава ќе се изврши темелна реконструкција на киносалата во Делчево која функционира во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Согласно проектот чија реализацијата ќе се одвива во неколку фази ќе биде извршена реконструкција и санација на објектот, како и комплетна реконструкција на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата.

Во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална за киносалите во повеќе градови во земјава, минатата година киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.

Со реализацијата на проектот за реконструкција на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска продукција ке се користи и за други културни збиднувања.

You May Also Like