Меѓународниот фестивал во Банско, Р Бугарија беше со натпреварувачки карактер. Во категоријата за талентирани деца до 16 години во областа на музиката учениците на СУГС „Арсени Јовков“ освоија 2 место.
На Фестивалот учениците својата земја ја претставија со песната Земјо моја од Ламбе Алабаковски, проследена со видеопрезентација од убавините на нашата Македонија.
Давид Гиевски и Лазар Закев свиреа на гитара, а вокалите беа на Вероника Ивчева и Марија Блажевска, сите ученици во СУГС „Арсени Јовков“, а под менторство на професорката Розита Закева.
Преку нивниот настап се зајакна дружењето на децата од други држави без разлика на нивниот пол, националност или етничка припадност. Исто така, беа продлабочени и заемните културни потреби, а се создаде и можност за културна соработка помеѓу СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје и организаторот на Фестивалот.