Промовирана монографија за Васко Ташковски

Вчера (6 ноември, 2012) во МАНУ беше промовирана монографија за творештвото на Васко Ташковски на англиски јазик.


Во делото се застапени над 400 слики и прилози од Раде Силјан, Ефтим Kлетников, Славко Јаневски и Георги Старделов за делото на познатиот македонски сликар. Промоцијата ќе ја отворат академиците Луан Старова и Љупчо Kоцарев, а беседа за творештвото на Ташковски ќе одржи академик Георги Старделов.

Монографијата е во издание на МАНУ и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

You May Also Like