Книга за Македонците од Голо Брдо

Авторот Коле Нина издаде книга- монографија со наслов „За Вормица и Вормичаните”. Книгата ги опишува историјата, обичаите и културата на жителите во село Врмица, област Голо Брдо-Албанија, претежно населено со Македонци.

book_at_sky (copy)

Авторот со оваа книга дава значен придонес за зачувување и промоција на македонската култура и традиција на областа Голо Брдо.

– Книгата „За Вормица и Вормичаните” ќе помогне многу за новите генерации да се запознаат со македонската култура на Македонците во Албанија. Книгата е испечатена на албански јазик, а се прават напори да се испечати и на македонски јазик, вели Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.

Авторот Коле Нина е роден 1947 година во село Врмица, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, средно воено училиште во Тирана каде и дипломирал на електро машинскиот факултет.

You May Also Like