Концерт на мистичниот Dirty Beaches во МКЦ

На 17 септември во рамките на европската турнеја во МКЦ ќе настапи мистиочниот Dirty Beaches од Ванкувер, Канада.

 

 

Dirty Beaches e Alex Zhang Hungtai, транспацифички номад распослан помеѓу Тајван, Торонто, Хонолулу, Монтреал и Ванкувер.

Неговиот музички израз, како што е случај со многуте харизматични соло изведувачи, е толку личен, компактен и автентичен да речиси е невозможно да се опише во веќе воспоставениот јазик на музичката критика. Во почетокот на 2011 излегоа многубројни рецензии на неговото до сега најзначајно издание – албумот Badlands, издание за кое се пишуваше со голема вдаховеност и сликовитост.

Многу лесно оваа музика можеме да се смести во толку популарниот жанр во последно време наречен Lo-Fi, но специфичната атмосфера и филмичност која таа ја носи, натера многумина да го побараат описот во естетиката на великаните на филмската уметност како David Lynch, Jim Jarmusch, Quentin Tarantino, попрво отколку во било која епоха на историјата на популарната музика.

На Alex ова ќе му биде прва посета на Скопје во неговиот непрекинат пат околу светот.

You May Also Like