По повод Светскиот ден за борба против гладот 16 октомври, општина Гази Баба подели пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозените семејства.
Пакетите им беа поделени на корисници на постојана и социјална парична помош евидентирани во Одделението за остварување на правата од социјална и детска заштита при Центарот за социјална работа.
Општина Гази Баба согласно Програмата за социјална заштита редовно им помага на социјално ранливите категории за надминување на состојбата во која се наоѓаат.