Издавачката куќа „Феникс“ деновиве во својата едиција „Џебна книга“ го објави второто издание на книгата „Најеротските писма до Нора“ од прославениот автор Џејмс Џојс.
Станува збор за мошне романтичната врска и љубовен пат на Џејмс и Нора преточени низ писма, според кои се изведени голем број театарски претстави и снимени повеќе играни филмови.
Оваа книга на „Феникс“ е едно од најпопуларните и најбараните изданија поради што овој избор на најеротските писма повторно се појавува пред македонските читатели.