Дали некогаш сте се прашале што прави чипсот на телото и вашето здравје? По ова сигурно ќе го избегнувате чипсот.
Спротивно на врежаното мислење, секој чипс не е направен од компири. Така на пример, некои видови на чипс всушност се мешавина од пченица, ориз, пченка и снегулки од компир. Како што објаснува др. Џозеф Меркола, смесата од наведените состојки се гмечи и потоа се сече во обликувани ливчиња налик на вистински чипс, се пече во многу масло, се суши и на крај се попрскува со разни вкусови во прав.
Др. Меркола предупредува дека по таа постапка (печење на чипсот на високи температури) всушност се создава штетен канцероген нуспроизвод кој се вика акриламид. Тоа е штетен и потенцијално невротоксичен спој кој настанува кога храна богата со јаглехидрати, како чипсот и пржени компирчиња се пече на високи температури над 100 степени целзиусови. Кога ќе се заврши со печењето, површината на храната добива жолта или смеѓа боја, а токму тоа е знак дека се создале акриламиди, пишува на сајтот drmercola.com.
Чипсот обично содржи голема количина на маснотии и калории што може да го зголеми ризикот од дебелеење. Околу 30 грама чипс, што е отприлика 15 до 20 ливчиња чипс содржи околу 10 грама масти и 154 калории. Студијата од 2011 година, објавена во списанието The New England Journal of Medicinе открила дека секојдневна конзумација на 30 грама чипс доведува до просечно зголемување на масата за просечно до 1 килограм во тек на четири години.
Како што потенцираат научниците, врската меѓу чипсот и дебелеењето е посилна од врската меѓу дебелеењето и кој било друг прехранбен производ, вклучувајќи ги и месните производи и засладените пијалоци. Освен тоа, вишокот килограми се поврзува со зголемен ризик од дијабетис, срцеви болести и некои форми на карцином, пишува healthyeating.sfgate.com.