Романот „Мој дел среќа“ од Луис Дејвис на македонски јазик

Неодамна во издание на „Блесок“ излезе романот на велшкиот писател Луис Дејвис „Мој дел среќа“, во превод од англиски на Катица Гароска Ацевска.

Книгата е објавена со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската комисија.

За книгата:

Романов е доказ дека во Велс се пишува одлична проза… Ова е триумф на едно внимателно и чувствително писмо.
Марио Басини, The Western Mail

И покрај несовршеностите, ова е храбро дело кое повремено се допира до работ на брилијантноста.
Гленда Биган, Planet

Едноставноста на прозата залажува, а ефектот е достоен за почит. Вешто напишан роман кој успева да понесе.
Scrawl

——————-
Луис Дејвис (1967) е велшки писател и издавач кој се вбројува меѓу најдобрите автори во велшката современа книжевност. Добитник е на повеќе литературни награди. Пишува романи, драми, куси раскази, поезија и есеи.
Неговиот прв роман „Работа, секс и рагби“ веднаш по објавувањето станува бестселер. Потоа следат романите „Чавкино дрво“ и „Мој дел среќа“ (кој првично бил изведуван како драмско дело). За патописот „Автопати“ ја освојува престижната награда Џон Морган. За кусиот расказ „Чоколадата на господинот Рупратна“ ја добива наградата Рис Дејвис.
Следат избраните есеи: „Кога бев дете рибарче“ и збирката раскази „Љубов и други можности“.
Драмските текстови: „Фудбал“, „Вртење околу тркалезната маса“, „Секс и моќ“, „Супертремп“, „Сикерт и Џек Мевосек“ се прикажуваат во повеќе театри ширум Англија, Велс, Ирска и Шкотска. Моментално работи на драмска адаптација на текстот „Детективските инстинкти на г-ѓа Д’Силва и шејтанот од Калкута“ за театарот Тин Кан од Калкута.
Неодамна објави серија книги за деца со наслов „Таи и Треморфа Трол“.

You May Also Like