Одбележување на Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот-27 март, 2014, Македонскиот центар на ИТИ-Internationаl Theatre Institute во соработка со Автономниот културно социјален центар, 27 март го одбележуваат  со следнава програма:

teatarski maski - teatar20 часот – Отварање.

20.15 часот – Проекција на видеото: “World Theatre Day Message 2014 by Brett Bailey, read in Macedonian“, во режија на Иво Бару. Актер: Марјан Ѓоргиевски, НТ-Битола.

20.25 часот – Читање на македонската порака за 27 март, 2014 – чита и настапува авторката Звезда Ангеловска (актерка и режисер).

20.45 часот – Отворена дискусија на теми: интерпретација и изработка на пораката на Брет Бејли, во видеото на Иво Бару; разговор со Звезда Ангеловска – актерка и режисер; театарските уметници имаат потреба од активна Асоцијација / Сојуз / Здружение на театарски работници / театарски уметници која / кое ќе ги штити и застапува нивните права и потреби – истата постои, формирана е, но зошто не функционира (тема-предлог на Васил Михаил, актер и режисер од Струмица)?

You May Also Like