Со доброволно работно ангажирање на месното население и со финансиска поддршка од буџетот на Општина Берово започна реконструкцијата на домот на културата во селото Ратево.
Во првата фаза од реконструкцијата се врши замена на покривот, за што се набавени нови керамиди, а наместо старите и дотраени дрвени греди и летви се вградуваат нови. Покрај реконструкцијата на домот на културата во програмата за работа на месната заедница на Ратево за 2014 година е предвидено изградба на локален пат од селото до месноста Трите реки и изгардба на улица во должина од 200 метри до Мишовско маало.
Ратево е едно од попголемите малешевски села што често е посетувано од домашни и странски туристи.Тука се организира и познатата туристичко-фолклорна манифестација „Ратевски бамбурци“ која добива меѓународни димензии.