European Film Promotion ги објави овогодишните 25 продуценти преставници од земјите членки кои ќе бидат дел од Проектот Producers on the move 2012. Македонски претставник e продуцентот Роберт Насков од продуцентската куќа „Кино Око“ која минатата година ги снимаше филмовите „Балканот не е мртов“ во Режија на Александар Поповски и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Овие 25 продуценти ќе бидат преставени на „Канскиот филмски фестивал“ во периодот од 19-22 мај 2012.
Во склоп на проектот Producers on the move 2012 ќе се одржи работилница за сите продуценти, ќе ги презентираат своите тековни и идни проекти, ќе имаат средни и со продуценти кои биле представници од минатите години со што се зголемува потенцијалот за остварување на контакти со професионалци од филмската индустрија како прв и најважен чекор во градење на филмски проект како копродукција со други земји.