Вечерва, (среда, 25 април) со почеток во 19:00 часот во Куршумли Ан, ЦеПроСАРД организира официјално отворање на изложбата на фотографии „Балканска приказна“, која се состои од селекција на споменици од периодот на Османлиската империја на Балканот, периодот од 14-19 век.
Фотографиите на богатото но честопати запоставено културно наследство се направени од петмина наградувани фотографи од Скопје, Атина, Белград, Призрен и Тирана.
Изложбата на фотографии „Балканска приказна“, ќе се одржи во Куршумли Ан, Стара скопска чаршија, а 27 минутен документарен филм изработен во рамки на проектот, премиерно ќе се емитува на отворањето. Специјално дизајнирана инсталација ќе им овозможи на посетителите да искусат патување низ времето,преку прошетка низ звуците и мирисите од Османлискиот период.
Изложбата освен во Скопје, ќе биде поставена и во други градови низ Балканот и Европа: Атина, Солун, Белград, Тирана, Призрен, Берлин, Брисел и др.