Денеска (28 јуни, сабота) во 20:00 часот на сцената на тумбе кафе ќе биде изведена аматерската претстава „Госпоѓа миинистерка“.
Во информацијата за претставата се вели: „Ако некогаш сте се впуштиле и задлабочиле во односите кои го регулираат животот во едно општество и движењата кои ги предизвикува тој регулатор – би морале да забележите дека низ животот на секое општество јасно се забележува една силна и рамна линија. Таа линија ја испишале обѕирите, традициите, малодушноста, духовната немоќ и пред сè оние други негативни особини на човекот под кои поединците се гушат, а општеството немоќно се предава на зачмаеноста. По таа рамна линија се движи животот на речиси целокупното наше општество. Над таа линија се качуваат само поединци, кои имаат душевна сила и храброст да се издигнат над обѕирите, над традициите и над малодушноста….
Во таквите мали средини, кои не се одвојуваат од онаа рамна линија на животот, нема случувања, нема емоции, нема сензации. „Денес е денот на тетка Савка!“ – ете, тоа е настан за таа средина и сите се возбудуваат, сите се движат, сите се облекуваат, набавуваат букети, пишуваат честитки, прават посети… настан, вистински настан!
Ете, тоа се сензациите, тоа се емоциите, тоа се настаните во малата средина. И ете, од тие и таквите средини е земена за јунакиња една добра жена и добра домаќинка – госпоѓата Живка Поповиќ – која се изнесува нагло, неочекувано и изненадно, над нејзината нормална линија во животот. Едно такво пореметување на вагата на животот кај луѓето од малите средини може да направи да ја изгубат рамнотежата и да не умеат да се држат на нозе. И ете, во тоа е содржината на „Госпоѓа министерка“, во тоа е целата едноставност на проблемот кој го содржи тоа дело“ – с евели во програмата на Бит фест.