Продолжува проектот „Младоста и искуството- моќта на хуманоста“

Општина Гази Баба и Општинската организација на Црвен крст на Гази Баба продолжуваат со реализација на проектот „Младоста и искуството- моќта на хуманоста“, кој започна во 2011 година и поради се поголемиот интерес на жителите на општината, веќе четврта година успешно се реализира.

mladosta_I_iskustvoto_gazi_baba

Целта на проектот е да се посетуваат старите и изнемоштени лица во нивните домови преку давање на психо-социјална помош, помош во обезбедување на соодветни документи за аплицирање за користење помош (социјална, еднократна, туѓа нега), набавка на потребни прехранбени и хигиенски продукти, општи здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта), поправка на апарати во домаќинството, разговори со семејствата и слично.

За реализација на проектот се ангажирани волонтери од Црвениот Крст-Гази Баба и лекари од Здравствен Дом Ченто, со што се зголемува довербата на старите и младите лица, взаемно почитување, размена на искуства, стекнување на пријателства и сл.

You May Also Like