Отворен ден на УКИМ

Денеска (11 април, петок) од 10:00-17:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Отворен ден запознајте го УКИМ“.

ekonomski_fakultet_ukim

Оваа манифестација е наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Настанот ќе се одржи на плоштадот во кампусот за општествени науки на УКИМ, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Во 11:30 настанот ќе го посетат ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” проф д-р Велимир Стојковски и министерот за образование и наука на Владата на Република Македонија Спиро Ристовски.

Покрај другите активности предвидени е  голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Бени и Нон стоп и Пеперминт.

You May Also Like