Продажна изложба на дела со Велигденски мотиви

Државното средно училиште за применета уметност “Лазар Личеноски” – Скопје, денес (четврток, 02 мај 2013 година) во 12:00 часот, во просториите на училиштето ќе ја отвори својата изложба на која ќе бидат претставени дела на учениците од училиштето, а инспирирани од претстојните Велигденски празници.

Делата се изработени во најразновидни материјали и техники: порцелански и гипсани јајца, икони, цртежи, слики,…

Покрај изложбата, во рамките на оваа свеченост ке бидат:
– Промовиран новиот мурал, изработен во училишниот хол, насловен како „Долап“ (според познатото дело на нашиот патрон, Лазар Личеноски), а изработен од учениците од одделот за Применето сликарство.
– Промоција на официјалната Веб страна на училиштето.
– Промоција на новиот оддел МУЛТИМЕДИЈА.

Со воведувањето на новиот оддел Мултимедија и воопшто новите наставни програми, училиштето ќе прерасне во лидер во регионот, а воедно образувањето на вакви кадри ќе се вклопи во новите дизајнерски форми како и потреби во пазарот на трудот. Одделот Мултимедија претставува голем исчекор нанапред во светот на дигиталната уметност или уметност во која главна алатка е компјутерот.

Изложбата е од продажен карактер.

You May Also Like