Охридските гимназијалци со „Мачка на вжештениот…“ на ДАФ во Кочани

Членовите на проектната активност драма при охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ со претставата „Мачка на вжештениот ламеринен покрив“ на Тенеси Вилијамс ќе бидат дел од завршницата на 50-тото јубилејно издание на Драмскиот аматерски фестивал што од денеска до 31 овој месец се одржува во Кочани.

daf kocani

 

„Мачка на вжештениот ламаринен покрив“ што е на програмата на ДАФ во Кочани утревечер, премиерно беше одиграна пред охридската публика на 13 минатиот месец.

– За разлика од досегашните проекти на нашата секција, овојпат се обидовме да дадеме еден поинаков призвук на нашата работа. Сметам дека после четири години работа со овие талентирани ученици, заслужија да се претстават на едно повисоко ниво. Со оваа претстава тие не само што го потврдуваат неспорниот талент, туку покажуваат дека младоста не познава ограничувања, дури и кога се работи за еден ваков психолошки текст, успешно носејќи се со сложените улоги што во своето дело ги наметнува Тенеси Вилијамс- изјави м-р Ирена Бачиќ, раководител на проектната активност драма при гимназијата „Свети Климент Охридски“.

Улогите во претставата ги толкуваат Анамарија Битракова, Илија Ставрески, Никола Србиноски, Викторија Симоноска, Милан Србиноски, Ева Каланоска, Адриан Димитријески и Звонимир Србиноски, а музичката заднина ја сочинуваат вокалот Емилија Колоска во пијано придружба на Димитриј Атанасов.

You May Also Like