На неколку недели (20-24 август) од почетокот на овогодинешното издание на фестивалот Пиволенд, организаторите ја објавија музичката програма за сите пет дена, колку што ќе трае овој фестивал.
И оваа година под мотото 100 проценти македонски бренд, Пиволенд им дава голема поддршка на македонските артисти и македонската музичка сцена. На едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика- Леб и Сол, Мизар, Селимова- Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи како и неизбежните цареви на ноќните свирки Бени и Нон Стоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, Тумбао Салса Бенд , Тони Михајловски и Скандал Састаф како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд- Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р(Културно Уметнички Работници), Хроматик Поинт и Брука. Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хип хопот, ќе настапуваат Дј Славе и Галактик Експлорерс.
За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад. Од организацијата најавуваат уште неколку изненадувања за кои што сепак е се уште рано да бидат откриени.
Среда
– Астероид Б 612
– Хроматик Поинт
– Бени и Нон Стоп
– Леб и Сол
– Д Џон
Четврток
– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
– К.У.Р ( Културно Уметнички Работници)
– СИЗ
– СМАТ
– Тијана Дапчевиќ
– МВП ( СР)
– Мизар
Петок
– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
– Пука Банд Брука
– Тумбао Салса Бенд
– Тајзи
– Тамара
– Дј Славе
– Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)
Сабота
– Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)
– Димитар Андоновски
– Трибјут 2 Пинк Флојд
– Дани Димитровска
– Јосип А Лисац
– Жаре Бербер
Недела
– Бански Старчета
– Селимова-Желчевски
– Влатко Лозановски- Лозано
– Бета Хаус
– Тони Михајловски и Скандал Састаф