Претседателот на Светската МЕНСА за талентирани деца, д-р Ранко Рајовиќ, и четвртиот најинтелигентен човек во Светот, Урош Петровиќ, ќе одржат едукативни предавања во Македонија на тема: NTC систем на учење.
Во организација на Центарот за едукација и советување, на 15 и 16 Март 2014 година, во детската градинка ,,Детска Радост” – Скопје ќе се одржи едукативно предавање на тема: NTC Систем на учење – Како успешно да се развива IQ кај децата низ игра.
NTC (Никола Тесла Центар) систем за учење е специјализирана образовна програма, базирана на сознанијата од неурофизиологија и педагогија, дизајнирана за работа со деца од предучилишна и училишна возраст. Програмата има за цел да го поддржи и одржи развојот на биолошкиот потенцијал на детето, поттикнување на мисловните активности, развојот на интелектуалните и креативните способности, интелигенција и креативно размислување на секое дете. Дополнителна вредност на програмата е тоа што овозможува идентификација на талентираните деца и да се забрза нивниот развој.
Со NTC системот на учење се зголемува интелектуалниот потенцијал кај детето, со што се развива брзината на размислување и заклучување – т.н. функционалното знаење.
Семинарот ќе им овозможи на родителите, наставниците, професорите, воспитувачите и други стручни соработници, практична примена на програмата во работа со децата, збогатувајќи ја секојдневната работа со елементи кои го спречуваат нарушувањето на вниманието, а воедно развиваат брзина на размислување и заклучување.
NTC систем на учење се применува во 14 земји низ целиот свет, а сега и Македонија ја има таа чест да биде дел од таа глобална програма.
Автор на програмата е д-р Ранко Рајовиќ, лекар специјалист, роден во 1964 година, основач на МЕНСА Југославија (денеска Србија) и одел за талентирани NTC (Никола Тесла Центар), член е на одборот на директори на МЕНСА International и претседател на Комитетот на МЕНСА International за талентирани деца. Живее и работи во Нови Сад- Србија, оженет, татко на четири деца. Автор е на книгите: IQ кај детето – грижа на родителите и Како успешно да се развива IQ кај децата низ игра. Автор е и на многу едукативни играчи.
Урош Петровиќ е коавтор на Програмата НТЦ систем на учење. Роден е 1967 година во Горни Милановац, а од 1975 година живее и работи во Белград, Србија. Се занимава со пишување, илустрација, фотографија и дизајн. Има многу награди за проза, поезија и уметничка фотографија. Автор е на епот од 10000 строфи на една страница, Усуди Балкана, кој претставува нова книжевна форма. Член е на меѓународното здружение на уметници Vinci Artists и Poetic Genius Society. Основач и уредник е на интернационалниот фотографски натпревар ,,Mensa World Photo Cup”. Помеѓу најзначајни награди за фотографија се издвојуваат прва и трета награда од National Geographic Србија, како и награда за најдобра колекција на снимки на конкурсот на компанијата ,,Wrigley”. Покрај ова, четири негови фотографии се одобрени од компанијата Microsoft за десктоп оперативниот систем на Windows 7. Исто така е човек на кој коефициентот на интелигенцијата (IQ) не може да му се измери. Успеал да го реши икс тестот за интелигенција кој оди до тежина IQ 200