„Дете на злото“ во кината од 6 февруари

Од 6 февруари македонската публика ќе може да го погледне хорор-филмот „Дете на злото“… според сценариото на Линдзи Девлин и Зои Грин, во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет, а главните улоги ги толкуваат Зак Гилфор, Алисон Милер и Роберт Белуши.

deteto na zloto2

Дејството на филмот ја следи заљубената брачна двојка Зак и Саманта кои по големата венчавка во црква заминуваат на тропски меден месец со големи планови за иднината. Меѓутоа, плановите се комплицираат во оној момент кога на патувањето ќе се изгубат и Саманта неочекувано ќе остане бремена. Наспроти тоа, тие продолжуваат да ја слават својата љубов, бележејќи ги сите моменти со видео камера. Набргу вознемирувачки случувања ќе почнат да укажуваат на тоа дека бебето кое го носи Саманта е олицетворение на вистинското зло

Режисерите на филмот ….. работеа на продолжението на познатото остварување В/Х/С кое претставува уште едно нивно остварување кое се базира на техниката “пронајдена снимка“ што е карактеристична за хорор-филмовите.

На прашањето како изгледаше снимањето со момците од “Radio Silence” главниот актер Зак Гилфорд неодамна изјави: „Не ми дадоа никаков тренинг! Само ми ставија камера во раце. И тоа беше тоа! Помислив дека на почетокот ќе имам сцена со камера, ќе снимам и тие ќе го погледнат тоа, но потоа по неколку пати Тајлер само ќе дојдеше и ќе ја скриеше камерата. Кога го правеше тоа јас само стоев зад него, така што тој снимаше и кадрираше онака како што го замислил тоа, а јас глумев дека го правам тоа. На почетокот беше многу чудно, но по неколку дена сфатија дека разбирам што сакаат и дека знам да ги фатам вистинските кадри, така што ми дозволија повеќето сцени да ги снимам сам.“ Овде можете да го погледнете трејлерот за филмот ДЕТЕТО НА ЗЛОТО.

МЦФ во текот на февруари ги најавува филмовите: “Вампирска академија” од 13 февруари, “Операција: чувари на наследството” од 13 февруари и „Амазонија“ од 27 февруари.

You May Also Like