Денеска (среда, 20 март, 2013) во 12:00 часот во Македонската академија на науките и уметностите пристапно предавање ќе одржи акад. Нада Поп-Јорданова, по повод нејзиниот избор за редовен член на МАНУ.
Предавањето на акад. Поп-Јорданова е на тема „Емоциите и здравјето“. Собирот ќе го отвори акад. Владимир Серафимоски, секретар на Одделението за медицински науки.
За научниот придонес на акад. Нада Поп-Јорданова ќе зборува акад. Момир Поленаковиќ.