Тркалезната маса која е дел од европската кампања Get Online Week 2013, ќе се одржи денеска (среда, 20 март 2013 година), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Порта“ во Скопје, општина Аеродром.
Здружението „Отворете ги прозорците“, трета година по ред, е национален координатор на кампањата Get Online Week која ќе се спроведува во 27 европски земји. Во периодот од 18-ти до 24-ти март приближно десет илјади организации, членки на Telecentre–Europe ќе организираат различни активности кои ќе промовираат дигитална инклузија во цела Европа.
На Тркалезната маса „Дигиталната инклузија во Македонија“,ќе има обраќање заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.