Јубилеен 10-ти Танц Фест

Големото отворање на 10 јубилеен Танц-фест ќе биде на 12 април на сцената на Македонскиот народен театар.

 

tancfest

Организаторот Интер-арт информира дека претпрограмата на фестивалот ќе почне денеска (понеделник, 7 април) во џепното кино на Младинскиот културен центар со проекции на танц филмови.

Ќе бидат прикажани „Пад“, „Хипер-бегство“, „Мемориска трака“, „Дијамантски танчери“, „Еволуција на видовите“, „Отсликување“, „Хипнагогија-преодна состојба“ и „Еден погрешен потег“. Овие танц филмови ќе се прикажат и на 8 април во МКЦ. За 9 април се предвидени проекциите на танц филмовите „Човек без кауза“, „Егон“, „Берба“, „Што се одвива“, „Над земја“, „Потони или пливај“ и „Јас сум единствениот“.

You May Also Like