Денеска (среда, 20 март, 2013) во 19:30 часот во Кинотеката на Македонија, ќе започне традиционалната „Недела на франкофонскиот филм“.
Во исто време ќе биде отворен и изложба на плакати на француски филмови од Бугарија и премиерно ќе биде прикажан филмот „Готвачката на претседателот“. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков.
Неделата на франкофонски филм се реализира во соработка со дипломатските претставништва на франкофонските земји и со поддршката на ТВ мрежата Арте.
Во рамките на Неделата на франкофонскиот филм ќе бидат прикажани следните филмови:
– Четврток 21 март 2013, 20 часот – „ДЕТЕТО ОДОЗГОРА“ (Швајцарија)
– Петок 22 март 2013, 20 часот – „БАЛКАНСКА МЕЛОДИЈА“ (Бугарија, Швајцарија, Германија)
– Сабота 23 март 2013, 19 часот: „ЏИНОВИ“ (Белгија)
21 часот: „НЕВЕСТИ“ (Грција)
– Недела 24 март 2013, 20 часот – „ТАКСИДЕРМИЈА“ (Унгарија)
– Понеделник 25 март 2013, 20 часот – „ГУСТАВ МАЛЕР, АУТОПСИЈА НА ЕДЕН ГЕНИЈ“ (Франција, Австрија)
– Вторник 26 март 2013, 20 часот – „ГОСПОДИН ЛАЗАР“ (Канада)
– Среда 27 март 2013, 20 часот – „ОМАЖ НА ВЛАДО ЦВЕТАНОВСКИ“ – Есра – Скопје
20,30 часот – ОМАЖ НА ЉУБЕ ЦВЕТАНОВСКИ – „МОЈОТ ТАТКО ИЗЕТ“ (Македонија)
Оваа филмска манифестација е во знак на одбележување на 20 март – Меѓународниот ден на Франкофонијата.
Филмската ревија е дел од програмата Франкофонска пролет во Македонија, во организација на Францускиот институт во Скопје.