„Биографија“ – избор од поезијата на Гане Тодоровски

Со публикувањето на ова дело, во кое се застапени 85 песни, издавачот ја одбележува 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, научник и општественик.

gane_todorovski(copy) gane_todorovski_biografija

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат избор од поезијата на академик Гане Тодоровски под наслов „Биографија“.

Изборот на песните го направи поетот и литературен критичар,Раде Силјан, кој е автор и на предговорот посветен на делото на познатиот автор.
Во инспиративниот текст приредувачот на делото констатира,дека:„ Тодоровски беше сподвижник на круцијални настани, неразделно сврзани со општите состојби на нашата татковина. Болештините на татковината беа негови истрадани болештини, пресликани во богатото поетско творштво. Со своите ставови и сфаќања за одредени теми никого не оставаше рамнодушен. Како творец од висок ранг Гане Тодоровски беше поборник на прека реч, продуховена и исклучително прецизна. Спаѓаше во редот на афирматорите на новите појави и тенденции, но во исто време беше и бескомпромисен полемичар, без влакно на јазикот, особено кога се работеше за одбрана на достоинството на националните вредности“.

You May Also Like