Концерт на Биг Бендот на МРТ во Сули Ан

Денеска (среда, 2 јули) во 21:00 часот во Сули ан (Факултет за ликовна уметност) во Старата чаршија концерт ќе одржи Биг Бендот на Македонската радиотелевизија. Концертот е во рамките на 35 Скопско лето.

suli an - fakultet za likovni umetnosti FLU

Биг-бендот на МРТ е формиран во 1961 година. Негов прв диригент е македонската музичка легенда Драган Ѓаконовски-Шпато.Диригентската палка од него ја наследува Александар Џамбазов а по неговото заминување во пензија со оркестарот раководат Илија Пејовски и Кире Костов. До 2002 година, до кога дејствува во континуитет, оркестарот претставува вистински стожер на македонска забавна и џез музика. Ги придружува, речиси, сите наши пејачи и ги реализира сите изданија на Скопскиот фестивал. Напоредно со таа дејност Биг-бендот на МРТ исполнува и снима оркестарска џез литература. Особено значајна е неговата улога во афирмирањето на творештвото на македонските џез композитори, за кои оркестарот, несомнено, претставуваше и најголем мотив за создавање. Настапите на фестивалот на Биг-бенд оркестри во Раденци, Словенија, секогаш предизивикуваа почит и внимание кај публиката и кај музичарите од другите оркестри. Токму на овој фестивал Биг-бендот на МРТ го освои најголемото професионално признание кога, во конкутренција на сите оркестри во некогашна Југославија, во 1989 година беше прогласен за најдобар.
По неколкугодишниот прекин на својата благородна уметнича дејност, Биг-бендот на МРТ, во 2012 година беше обновен. Од 2013 година со оркестарот раководи Љупо Мирковски, поранешен трубач во оркестарот и плоден автор на инструментална забавна и џез музика.

You May Also Like