Продолжението на „Планета на мајмуните“ во кината од 17 јули

Продолжението на возбудливиот серијал „Планета на мајмуните – Револуција” публиката ќе има можност да го види во кината: Cineplexx, кино Милениум, 3D кино Битола и кино Кавадрци од 17 јули.

planet_of_the_apes2

Студиото „Twentieth Century Fox“ го објави трејлерот за „Планета на мајмуните- Револуција“ во чиј фокус е заедницата на генетски модификувани мајмуни, која ја предводи интелигентното шимпанзо Цезар. Десет години откако катастрофален вирус ја покосил човечката популација, грст преживеани луѓе се заканува да ги загрози. По краткотрајниот мир, двете страни ќе се најдат на работ на војна која ќе го одреди доминантниот вид на планетата.

Режисерот на филмот Мет Ривс во филмот „Планета на мајмуните – Почеток“ (2011) го прикажува Цезар како симбол на водењето на бунтот, а објаснува што е срцето на новото остварување: „се обидовме да отидеме чекор подалеку во однос на филмот од 2011 г., да укажеме на вистинската морална дилема. Се поставува прашањето што не е така едноставно – дали луѓето се лоши, а мајмуните добри? Тука се работи за природата на едниот и другиот вид и нивната борба за опстанок. И тука се поставува прашањето на насилството – иако филмот се врти околу семејството, а тоа е она што, според мене, го одржува филмот. Се запрашувате: „можат ли да спречат тоа да прерасне во насилство? Дали овие две популации можат да спречат да се свртат една против друга?“

Одлучувачкиот конфликт меѓу луѓето и мајмините се случува на крајот на последниот дел од филмот „Планета на мајмуните – Почеток“, па се јавува претпоставката дека филмот „Планета на мајмуните – Револуција“ е пост-апокалиптичен. И тоа е така од човечка гледна точка. Но, филмот не е даден од таа перспектива, туку од преспектива на Цезар и останатите мајмуни, така што тоа е пред сè филм за цивилизацијата на мајмуните. Тоа е почетокот на нивната револуција од местото каде Мет Ривс ги остави на крајот на првиот дел.

Ривс и одличната актерска екипа која ја собрал ќе нè воведат во целост во светот на мајмуните. Во борбата во која се спротивставени човекот и мајмунот главните улоги ги играат Гери Олдман, Џејсон Кларк, Џуди Грир и Енди Серкис.

You May Also Like