Љубителите на литературата го добиваат во електронска форма 119-от број на книжевниот гласник на Друштвото на писателите на Македонија кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука.
Новиот број на книжевната ревија „Стожер“ од денеска е поставен на веб страницата на Друштвото на писателите на Македонија www.dpm-pisateli.mk.
Со ова љубителите на литературата го добиваат во електронска форма 119-от број на книжевниот гласник на Друштвото на писателите на Македонија кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука. Застапени се прилози од домашни и странски писатели од различни генерации, меѓу кои: Вера Чејковска, Владимир Костов, Сергеј Главјук, Братислав Ташковски, Соња Стојменска Елзесер, Петре Димовски, Пабло Неруда, Мирјана Стојановска, Благој Самоников, Јусуф Едип, Олга Панкина, Кире Неделковски и Санде Стојчевски. Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со информации за актуелните активности и за настаните што ги организира Друштвото на писателите на Македонија.