Претседателката на УО на „Форумот на словенски култури“ Рихтер во Скопје

Министерката за култура и претседател на Управниот одбор на „Форумот на словенски култури“ Елизабета Канческа-Милевска  вчера (недела, 2 јуни) оствари средба со директорката на Форумот, Андреа Рихтер.


На средбата Канческа-Милевска и Рихтер разговараа за активностите поврзани со одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од постоењето  на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“ во 2014 година. По тој повод беа разменети мислења за реализација на заеднички концерти одржување на повеќе изложби, семинари и други пригодни активности со кои во сите земји членки на Форумот ќе се одбележи  овој значаен јубилеј.

Во рамките на претстојните активности, во јуни следната година во Словенија планирано е да се одржи Фестивал на храна, вино и музика. Воедно ќе бидат реализирани и изложби на Државните архиви на земјите членки на

Форумот како и изложби на детски цртежи. Во организација на  „Музејот на Македонската борба за државност и самостојност“ идната година во Скопје ќе се одржи вториот регионален семинар за музеи  посветен на јубилејот на „Форумот на словенските култури“.

Во својство на претседател на Управниот одбор на „Форумот на словенски култури“ министерката Канческа-Милевска договори сите планирани активности за одбележување на јубилејот да бидат дефинирани на состанокот на Бордот на директори на Форумот, во октомври годинава во Цетиње.

You May Also Like