Концерт на Триото Интерарт во Прилеп

Триото Интерарт е формирано во 1997 година во Германија, каде македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следеа и два концерта во Македонија.

 

trio_interart

Во четврток, 16 октомври 2014, во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на Трио Интерарт. Триото ќе се претстави со дела од Доплер, Петровски, Лолиет, Дамас. Концертот е поддржан од Министерството за култура, Сојузот на музички уметници на Македонија.

Податоци за Триото Интерарт:
Триото Интерарт е формирано во 1997 година во Германија, каде македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следеа и два концерта во Македонија.

Сегашната формација на Триото ,,Интерарт,, е Александар Стефановски – флејта, Емилија Ристевска – Стефановска- флејта и Татјана Божиновска пијано. Триото има настапувано на повеќе значајни концертни подиуми и фестивали во Македонија – Охридско лето, Скопско лето, Битолско културно лето, Хераклејски вечери, Музички вторник, Златна лира, Интерфест- Битола… Го снимија својот прв инструментален видео спот кој се емитува по ТВ станиците низ Македонија. Триото во 2006 година е добитник на најпрестижното битолско признание – наградата 4 Ноември, како и наградата ,,Најсупешни битолчани,, на Битолски весник.
Членовите се докажани солисти кои имаат настапувано со рецитали низ Македонија и во странство, како и со Македонската филхармонија. Настапувале во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција.
Во јули 2009 година Триото,,Интерарт,, го освои третото место на Интернационалниот фестивал ,, Сити ди Падова,, во Падова, Италија, во 2010 го сними своето трето ЦД, во 2012 година ја претставуваше Македонија во Анкара, Турција, а во 2013 беше номинирано за наградата ,,Виртуози,, во категорија камерни ансамбли.

You May Also Like