Утре, (среда 17 април), со почеток во 11:00 часот во градската кафана „Пелистер“ – Плоштад Македонија ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран стратешкиот долгорочен проект на Македонскиот центар за култура и развој – „Граѓанска превенција“.
На прес-конференцијата ќе бидат претставени сите елементи „Граѓанска превенција“, експертскиот тим, планот за работа, и особено Превентика – маскотата на проектот и новата граѓанска служба која ќе заживее во сите градови, во целата земја, со широк опсег на влијание врз општеството од страна на самите граѓани, за посигурен и поквалитетен живот. Планирана е и фото-сесија со Превентика во центарот на градот.