Оваа недела на големото платно во Синеплекс пристигнуваат три нови премиери: продолжението на „Планета на мајмуните- Револуција“, потоа хоророт „Избави нè од лукавиот“ со Ерик Бана во главната улога, снимен врз основа на вистинити случувања на њујоршкиот полицаец Ралф Сарчи. За најмладитепристига новата анимирна авантура на добро познатите „Авиони: Небесни пожарникари“.
Студиото „Twentieth Century Fox“ ни го носи продолжението на „Планета на мајмуните- Револуција“ во чиј фокус е заедницата на генетски модификувани мајмуни, која ја предводи интелигентното шимпанзо Цезар. Десет години откако катастрофален вирус ја покосил човечката популација, грст преживеани луѓе се заканува да ги загрози. По краткотрајниот мир, двете страни ќе
се најдат на работ на војна која ќе го одреди доминантниот вид на планетата.
Режисерот на филмот Мет Ривс во филмот „Планета на мајмуните – Почеток“ (2011) го прикажува Цезар како симбол на водењето на бунтот, а објаснува што е срцето на новото остварување: „се обидовме да отидеме чекор подалеку во однос на филмот од 2011 г., да укажеме на вистинската морална дилема. Се поставува прашањето што не е така едноставно – дали луѓето се
лоши, а мајмуните добри? Тука се работи за природата на едниот и другиот вид и нивната борба за опстанок. И тука се поставува прашањето на насилството – иако филмот се врти околу семејството, а тоа е она што, според мене, го одржува филмот. Се запрашувате: „можат ли да спречат тоа да
прерасне во насилство? Дали овие две популации можат да спречат да се свртат една против друга?“
Застрашувачкиот натприроден трилер „Избави нè од лукавиот“ снимен врз основа на вистинити случувања на њујоршкиот полицаец Ралф Сарчи овој четврток пристига во Cineplexx. Гледачите ќе имаат можност да го погледнат овој напнат хорор со Ерик Бана во главната улога во која
полицаецот покрај борбата со сопствените проблеми, почнува да истражува серија на дегутантни и необјаснети злочини. Наскоро, ќе се здружи со неконвенционалниот свештеник (Едгар Рамирез), кој ги познава ритуалите на егзорцизам, и заеднички ќе се борат против застрашувачките демонски
појави кои го тероризираат нивниот град. Најинтересната факт е што филмот е инспириран од книгата во која се опишани вистинитите случаи на детективот Сарчи на кои работел во текот на неговата кариера. Режисер на филмот е Скот
Дериксон, познат на публиката по уште еден хорор филм базиран на вистинити случувања „Егзорцизмот на Емили Роуз“.
За најмладите пристига новата анимирна авантура на добро познатите „Авиони: Небесни пожарникари“. Кога светски познатиот авион-тркач Дасти дознава дека неговиот мотор е оштетен и тој никогаш нема да може да се трка повторно, тој мора да смени брзина и да се префрли во светот
на воздушна противпожарна единица. Дасти ги здружува силите со ветеранот Блејд ренџер, хеликоптер за гасење пожари и спасување и неговиот тим, еден куп теренски возила познати како Smokejumpers. Заедно, бестрашниот тим води битки со голем шумски пожар, а Дасти учи што е потребно за да стане вистински херој.