Утре (8 мај 2013), среда во 20:20 часот во Галерија ОСТЕН (8. Ударна бригада 2, Скопје) ќе биде отворена изложба на Виктор Вазарели.
Изложбата на цртежи, скулптури и графики од Виктор Вазарели се отвора по повод Денот на Европа, а ја организираат ОСТЕН уметност на хартија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Амбасадата на Унарија и Францускиот институт Скопје.
На отворањето ќе се обратат Лоренс Оер, амбасадор, Амбасада на Франција, Јозеф Бенч, амбасадор, Амбасада на Унарија и г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската Унија.