Операта „Боеми“ на Пучини со директен пренос во „Синеплекс“

На 05 април (сабота) во Синеплекс со почеток во 18:55 часот ќе биде прикажана операта „Боеми“ од сезоната МЕТ 2013/14.

opera_2014_Boemi

Раскошната продукција на режисерот Франко Зефирели „Боеми“ е една од најомилените и најизведуваните опери на сцената на МЕТ од 1981 година.

Извонредни млади изведувачи ја претставуваат класичната продукција на Франко Зефирели „Боеми“, најизведуваната опера во историјата на Мет.

Италијанскиот тенор Виторио Григоло го игра страствениот писател Родолфо и романскиот сопран Анита Хартиг дебитира во Мет како неговата незаситна љубовница, Мими. Сузана Филипс пее во улога на кокетната Музета, а Масимо Кавалети е сликарот Марчело во оваа изведба. Оваа опера ја предводи диригентот Стефано Ранзани.

Оваа извонредна опера вклучува стотина изведувачи, фасцинантни снежни сцени и детална реконструкција на Латинскиот Кварт во Париз. Покрај петте солисти, операта вклучува и 80 хористи, 100 статисти и приближно 35 деца.

 

You May Also Like