Канческа-Милевска во посета на Битола

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска (петок, 28 декември) ќе престојува во работна посета на институциите од областа на културата во  Битола.

Во рамките на посетата, министерката Канческа–Милевска заедно со директорот на Претседателството на турската агенција за соработка и координација Махмуд Чевик, во 11 часот ќе ја посетат НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, каде ќе ја промовираат обновената фасада на оваа институција.

Во 13 часот министерката за култура ќе го посети Народниот театар во Битола и ќе присуствува на промоцијата на книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од Зоран Пејковски.

You May Also Like