В среда (13 март, 2013) во 20:00 часот во МКЦ премиерно ќе биде изведена претставата „Приказни од ходникот“ – колаж на приказни за сексуално преносливите болести.
Претставата “Приказни од ходникот” ја подготвија 14 млади креативци заедно со театарот на сенки „Сенки и облаци“ и врсничките едукатори од ХЕРА и Y-Peer. Проектот е финансиран и поддржан од MTV Staying Alive Фондацијата.
Истиот има за цел преку креативна алатка (театар на сенки) да ја зголеми свеста кај луѓето, а особено младите, за начините на пренесување на сексуално преносливите инфекции и како правилно да се заштитат. Учесниците имаа можност во текот на четири викенда, преку креативност и забава да ги разоткријат табуата и митовите кои постојат во македонското општество во однос на ХИВ/СИДА.