Виенскиот бал повторно во Скопје

На 23 март, во Хотелот Александар Палас, традиционално, по 14-пат ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка “Јохан Штраус” а под покровителство на Австриската амбасада во Македонија.

Четиринаесет години Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски Бал.

Виенскиот Бал во Скопје е традиционална културно-музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската сорботка на полето  на културата и уметноста.

Како и изминатите 13 години, и оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на  Хотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

На Балот оваа година ќе настапат стотина врвни уметници:

– Оркестарот Јохан Штраус-триесет професионални музичари, инструменталисти кои ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар.

– Грациозните танчери на Прима Данца ќе ја забавуваат публиката со интересни танцови точки.

– Гостите ќе имаат можност да уживаат во странските евергрини изведени од Џон Илија Апелгрен, македонските евергринi изведени од Андријана Јаневска, Дарио и Драган Мијалковски. За добрата атмосфера ќе се погрижат и  Петар Ренџов, Наде Талевска како и Арт бенд (бендот на Тоше Проески).

– Ќе биде одржан и моден перформанс во соработка со D+D fashion woman и Илија Костадинов.

– Како изненадување за присутните ќе биде настапот на неколку танцови двојки од шоуто “Танц со ѕвездите”.

Како и секоја година, дрес кодот на балот е задолжителен и тој гласи: долги тоалети за дамите и смокинг или темно одело за господата.

You May Also Like