Реновирани куполите над Планетариумот во МКЦ

Младински културен центар – Скопје, со сопствени средства и со средства од донација на компанија од Скопје, чиј сопственик сакаше да остане анонимен, според предвидената динамика, и официјално заврши со реконструкција на двете куполи кои се наоѓаат над Планетериумот и Детскиот креативен центар на објектот на ЈУ МКЦ.

Овие куполи, поради височината на средствата, при реконструкцијата на кровот и фасадата на објектот на ЈУ МКЦ, која се одвиваше со средства од ИПА програмата на ЕУ и средства издвоени од буџетот на Град Скопје, беа изоставени од првично предвидениот план.
Изведувачот на зафатите, согласно договорот, успеа целосно да ги реконструира двете куполи, со што конечно е решен тридеценискиот проблем со протекувањето и руинирањето на кровната површина, се заштити ентериерот во Детскиот креативен центар како и скапата оптичка опрема која служи за презентација во единствениот Планетариум во Македонија и каде учениците од цела Македонија ги добиваат основните знаења од астрономијата и астрофизиката.
Следно од МКЦ: целосно обновување на ентериерот во Планетариумот (поставување на нови грејни тела, нова климатизација, промена на под, нова аудио опрема, целосно компјутеризирање…). Сиве зафати, исто така ќе се одвиваат во текот на претстојниот летен период, со што од месец септември едниствениот планетариум во Македонија ќе биде целосно подготвен за учениците и граѓаните од цела Македонија.

You May Also Like