Премиера на „Парада“ во Центарот за култура – Битола

Утре (сабота,  17-ти декември 2011 година) во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи премиера на српскиот долгометражен филм „Парада“, дело на режисерот Срѓан Драгоевиќ.

Со почеток во 20:30 часот битолската публика ќе може да го види најновото филмско остварување на култниот режисер Драгоевиќ  кој е го знаеме по филмовите  “Ние не сме ангели”, “Рани”, “Убавите села, убаво горат”и др.

На премиерата во Битола покрај режисерот ќе присуствува и целата актерска екипа предводена од носителите на главните улоги Никола Којо, Тони Михајловски , Милош Самолов и Дејан Акимовиќ.

„Парада“ ќе се прикажува од 18 -24 декември во Центарот за култура, а проекциите ќе започнуваат од 20:00 часот.

You May Also Like