Промоција на Mеѓународниот онлајн магазин преку промотивниот настан Bturn promo party pt. 1, кој ќе се одржи вечерва (петок,16 декември 2011 година) во клубот Папаја.
Радио емисијата Музика и Политика започнува соработка со меѓународниот културен онлајн магазин B-turn, а како почеток на таа соработка е серијалот промотивни настани кои ќе бидат сочинети од комбинација на диџеј и живи настапи на современи балкански и домашни музичари, диџеи, видео артисти, а исто така и изложби на уметници, преку кои на локалната публика ќе го претставиме пресекот на најсвежата балканска музичка/филмска/уметничка сцена. Серијалот започнува со промотивниот настан Bturn promo party pt. 1 каде ќе ја претставиме белградската диџеј дама Тијана Т., а со жив настап ќе се претстави и најдобриот извозен хаус/техно проект Јертон. Локалната диџеј поддршка ќе биде на Тони Димитров, а изборот на видео проекциите на Јане Алтипармаков.
Ова е првиот во низата планирани настани кој ќе продолжат на месечна основа, а наскоро ќе бидат објавени имињата на артистите кој ќе ги претставиме во следното издание на овие промотивни забави, веќе следниот месец. Емисијата Музика и Политика во магазинот Bturn редовно ќе партиципира со свои ставови и текстови кој ќе можат да се проследат на самиот магазин на http://bturn.com/category/magazine
Организатори и куратори на проектот Тони Димитров и Јане Алтипармаков
Што е Bturn?
Bturn е меѓународен онлајн магазин кој презентира прецизно избрана селекција на современа Балканска и Источно Европска култура, која опфаќа музика, филм, уметност и дизајн, како и голем број на социјални прашања, од образование до дрога и сексуалност.
Ние сакаме да понудиме свеж, „стрејт форвард“ пристап кон комплексноста на овој диспаратен културен простор на начин кој е во исто време забавен, едукативен и ангажиран. Нашата цел е да обезбедиме информации, но над се да презентираме нешто што сметаме дека е специфично искуство од Балканот.
Повеќе од еден век, терминот “Балкан” е овековечен преку повеќе референци – географски, културни или политички – чии параметри останаа флуидни и непостојани, но сепак поврзани со низа историски и современи факти, што го прават животното искуство во целата област од Љубљана до Истанбул, особено “Балканско”.
Досега, Балканот е познат како терен на борба, не само како конфликти и војни, но и како и борба на проектирани слики и желби. Балканот секогаш е “замислен”, од надвор и од внатре, своите ментални и географски граници се некако осудени на лизгање во сферата на нејасната Другост, тој темен потконтинент на цивилизираниот европски свет. Многумина ќе тврдат дека Ориенталната Балканска парадигма денес е далеку од исчезната. Дали денес лежи скриена зад трансглобалната егзотичност, одбивајќи го погледот на Западниот турист назад кон себе? Искрено, не ни е грижа. За нас, Балканот е каде што се случуваат глупостите. И тоа ни се допаѓа!
Листата на уметници и места кои ќе видите во базата на Bturn во никој случај не е исцрпна. Тоа не е сеопфатна листа, туку само нашиот скромен избор за кој мислиме дека го одразува богатството на современата урбана култура во регионот.
***
ПРОГРАМА
Bturn promo party pt. 1
петок, 16 декември 2011, почеток 23 ч.
клуб Папаја
Tijana T (Белград, Tilt/Recon Warriors)
Jerton LIVE! (Гостивар, Empro music)
Toni Dimitroff (Скопје, Greenfields)
видео: Јане Алтипармаков
+ втор ИНДИ подиум
Официјален facebook настан:
https://www.facebook.com/events/288981017810334/
***
official Bturn pre party
петок, 16 декември 2011, почеток 21 часот
Чили бар
Toni Dimitroff + Јане Алтипармаков
Официјален facebook настан:
https://www.facebook.com/events/310009395688608/