Утре вечер (сабота, 10 ноември) од 20:00 часот, на сцената на Драмски театар во Скопје премиерно ќе биде изведена „Вртелешка“, приказната на Артур Шницлер за лицето и опачината на човечкото во човекот, во режија на Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасковски, Хана Миленковска и Теа Беговска.
Станува збор за исклучителен автор, кој, како што вели Пројкоски, е малку подзаборавен и за претстава по текст на Шницлер напишана на самиот почеток на 20 век, кога за тоа време со својата слободна мисла и смелост да зборува за бракот, за неверството и за сексот без никакви скрупули, бил своевиден скандал. Денеска, на тој текст не гледаме така, но затоа тој во себе носи многу искушенија и предизвици кои се вечни, барем кога говориме за човечката природа.
Ова е приказна за лицето и опачината на човечкото во човекот и дека тие се обиделе да ја имплементираат оваа приказна во детска игра за возрасни, низ која се поставува прашањето, колку вистината води до позитивно померување во нашите животи.
Улогите во оваа претстава ги играат: Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Драгана Левенска, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Билјана Беличанец-Алексиќ, Филип Трајковиќ, Трајанка Илиева и Катерина Шехтанска-Лаковски.
Музиката е на Горан Трајковски, костимографијата на Марија Пупучевска, а сценографијата на Владо Ѓорески-Рафик.