Нова книга од Марина Мијаковска

Деновиве во издание на Здружението „Бран“ од Струга излезе книгата раскази „Куќички“ од младата поетеса и книжевник Марина Мијаковска.

kukicki_marina_mijakovska

Мијаковска за книгата „Куќичка“ ја доби наградата „Крсте Чачански“, а жирито во тогашното образложение запиша: „Книгата „Куќички“ претставува една голема метафора на создавањето, низ која се изразува суштината на дејствувањето во животот. Марина Мијаковска, преку композициската поставеност на градењето куќичка, инвентивно, ненаметливо но уверливо, стилски избалансирано и звучно интонирано го гради книжевното дело во кое се вкрстуваат: световите на старите и новите сфаќања и психологии, книжевно вешто изнијансирани; помешувањето на реалниот со виртуелниот свет во кој ајфонот, лаптопот, таблетот ги преокупираат мислата, времето и животот; статуси на социјалните мрежи и статусот married или single натоварени со дилемите на новиот свет; посветеноста на старите темели да се гради и, синдромот, да се разурнува“ – стои во образложението на жирито за наградата „Крсте Чачански“.

You May Also Like