Санација и конзервација на црквата Св.Никола во село Чагор, Битолско

Реализиран проектот за санација и конзервација на архитектурата на манастирската црква Св.Никола во село Чагор, Битолско …

sveti nikola chagor enterier

Заврши санацијата, реставрацијата и конзервацијата на архитектурата на манастирската црква, Св.Никола во с.Чагор, Битола, проект од Програмата на Министерството за култура,

Во текот на активностите за реализација на проектот на кој стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола работеа во повеќе фази, извршено е конструктивно консолидирање на ѕидовите и нивна делумна реконструкција, дренажа, како и реконструкција на покривот и сводот на црквата. Согласно проектот извршена е и конзервација на подот и санација на прозорците и вратата на тремот на црквата.

sveti nikola chagor

Со заштитата на архитектурата на малата еднокорабна црква Св. Никола во село Чагор која е значаен споменик на културата од 16 и 17-ти век, во иднина ќе се овозможи интервенција и на сочуваниот фрескоживопис кој потекнува од 30-тите години на 17-ти век.

You May Also Like